Меѓу повеќето активности со кои трговскиот центар Ист Гејт Мол го одбележа „Денот на таткото”, беше и пригодна модна ревија посветена на енергичните, смели, урбани и модно освестени мажи.

Во посебна атмосфера, со специјални гости, со црвени коктели, на црвениот ќилим продефилираа модели во аутфити на добро познати брендови: Versace Jeans Couture, Karl Lagerfeld, XYZ, Armani Exchange, Dan John, MANGO Man, Reserved и Bozinovski watches&jeweiry. Прикажана е разнообразна понуда на модели од колекциите за оваа сезона: од „шик енд шиз”, спортски, опуштен кежуал изглед, до елегантен изглед, елегантно впечатлив и естравагантно привлечен стил.

Особено внимание и впечаток остави кастингот на манекените кои ја рашетуваа пистата. Манекени од сите возрасти и типови беа соодветно избрани за секој посебен аутфит, со свесно алудирање на приказната дека и во навидум едноличната понуда на машка облека сепак, секој маж може да го пронајде својот стил и да изгледа свој и посебен.


Најмладите манекени, со своите првични искуства и доајените на македонскиот моделинг : Кокинос Коленцев, Алек Наумовски, Трајче Воинов и Андреј Клинчаров демонстрираа за прв пат прикажан концет на модна презентација кај нас , која инаку веќе е присутна на глобалната модна сцена.

Овој настан, како едноставно шик остварување, беше во целосна режија и организација на доајенот на македонската мода и модната новинарка, Снежана Богдановска Сани и нејзиниот тим, предводен од Анастасија Богдановска Стејси, подржани од модната агенција Моделс ИН и тимот на Ист Гејт Мол./М.М.

You may also like

Comments are closed.