Есенската, 54-та по ред модна недела на Perwoll синојќа во Белград е отворена со модно патување посветено на Слаѓана Милошевиќ – рок, поп и панк авангарда и модна легенда на поранешните југословенски простори. Со музиката од нејзините песни, модели и познати личности прошетаа по пистата носејќи ги модели на повеќе од 50 креатори, костимографи и стилисти од поранешните ЈУ простори, кои одадоа почит кон, по многу нешта, особената личност на Слаѓана Милошевиќ.
Над илјада присутни имаа можност да ги проследат креациите инспирирани од моднииииите фази на пејачката, од Glam Rock 70’s, преку Punk Rock, New Wave – Neo Romantism 80-tih, Avant garde Fashion, па се до Metal Vampa.
Меѓу најважните цели на модната недела на Perwoll е промоција на врвни таленти и на автентични достигнувања на српската модна сцена, а со оглед на исклучително богатата авторска програма, се верува дека BFW повторно ќе донесе еден вид пресек на креативноста на модната сцена./М.М.

You may also like

Comments are closed.