Во Германија во рецесија (-0,3% во 2023 година), модната индустрија е меѓу првите каде што се чуствуваат последиците. Лондонскиот Paul Smith на крајот на јануари ги затвори своите три филијали во Германија, а групацијата на стоковни куќи KaDeWe објави постапка за несолвентност. Високите кирии и лошата состојба на косопственикот, австриска Signa, доведоа до пад на KaDeWe.
Во рок од неколку дена две лоши вести за германската модна индустрија: на 29 јануари е објавена постапката за неликвидност на KaDeWe Group, која има три стоковни куќи во Германија. Претходната недела, британската модна куќа Paul Smith објави дека ги затвора своите германски продавници. Кога влегоа на овој пазар, во 2014 година, развојната стратегија беше многу поинаква. Сегашната напната економска ситуација ги натера да се вратат чекор назад.
Во KaDeWe, проблемите се условени од косопственикот, вториот по големина акционер (49,9%), австриската групација за недвижности Signa. Имено, иако мнозинскиот акционер на KaDeWe (50,1%), тајландскиот конгломерат Central Group, работи добро, Signa, во сопственост на австрискиот инвеститор René Benko, поднесе барање за стечајна крајот на ноември лани.
Од групацијата уверуваат дека постапката за несолвентност нема да има последици за потрошувачите или вработените. Трите продавници ќе останат отворени до дефинитивната одлука за иднината. Во секој случај, ситуацијата и понатаму е загрижувачка, пред се поради косопственикот Signa. Другите недвижности, купени пред десетина години, Karstadt и Galeria Kaufhof се исто банкротирани./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.