Во новиот број на магазинот Elle представена е модната еволуција на легендарната американската актерка Diane Keaton. Поводот е нова книга Keaton – “Fashion First”,во која таа се осврнува на своите модни патишта – од фустаните што ги шиела нејзината мајка, до формирањето на сопствениот, препознатлив стил, инспириран од машката мода.
Книгата на Keaton дава богата ретроспектива на нејзиното модно патување, покажувајќи како нејзиниот стил еволуирал со текот на времето од експериментални избори, како комбинезони со леопард принт и модерни мини здолништа, до иконски аутфити инспирирани од легендарните актерки Marlene Dietrich и Katharine Hepburn. Во предговорот на книгата Ralph Lauren нагласува дека стилот на нејзиниот лик во филмот „Annie Hall“ всушност бил автентичен израз на самата Diane Keaton, а не само филмска костимографија.
Книгата ја истражува и страста на Keaton за додатоци, како што се капи, ракавици и слоевити ланчиња, кои станаа нејзин заштитен знак на црвениот тепих и во секојдневниот живот. Со својот уникатен стил, Keaton стана инспирација за многу млади жени, вклучувајќи ги и членовите на генерацијата Z, кои ја прифатија како икона на една специфична но моќна естетиката.
Од стилските експерименти во младоста до незаборавни модни моменти на доделувањата на оскарите, Diane Keaton останува симбол на модното изразување, на слободата и на уникатноста. Нејзината еволуција на стилот, која Elle ја представува, доказ е повеќе за нејзиното влијание врз светот на модата./М.М.