Конечно удобни фармерки во кои нозете изгледаат подолги!

Тесните и кратките панталони според најновиот моден тренд се менуваат со нешто поудобно. Многу жени со ентузијазам ќе го поздрават овој нов модел на фармерки. Особено ќе бидат задоволи сите дами кои долго седат на работа, а тесните панталони им го попречуваат и нормалниот доток на крв.

Неколку дизајнери веќе во своите најнови колекции за пролетната сезона предлагаат фармерки со продолжени колкови од колковите надолу, кои случајно паѓаат дури и над стапалата.

Доколку фармерките не се добредојдени за на работа, погледнете ги фармерките на Викторија Бекам! Тоа се всушност, панталони од тексас платно, без типичните украсни конци направени од жолта нишка што фармерките ги „исфрлаат“ од деловниот стил. Со беж кошула, овие фармерка панталони се елегантна деловна комбинација за претстојната пролет! /М.М.

 

You may also like

Comments are closed.