Француското издание на Vogue годинава ја започна со моден времеплов, со највпечатливите и, според нив, најубавите 90-ти на славната супер-моделка Christy Turlington.

Покрај Naomi Campbell, Linda Evangelista и Cindy Crawford, младата американка беше една од иконите на деведесеттите. По повод нејзиниот 54 роденден, Vogue направи преглед на нејзините најубави винтиџ фотографии.


Christy Nicole Turlington Burns е американска манекенка, основач на хуманитарни фондацији, активист на Пета и режисер. Стана позната во доцните 1980-ти и раните 1990-ти, како супермодел. Беше особено поврзана со дизајнерот Calvin Klein, уште од претставувањето на неговата кампања Eternity, во 1989 година, а долго беше и заштитно лице на Maybelline.
Во 2013 година магазинот Glamour ја прогласи за една од жените на годината, а во 2014 беше вклучена во листата на највлијателните луѓе во светот – Time 100.
На фотографиите што ние ги одбравме, Christy е во моделите на Chanel, Yves Saint Laurent, Versace и Valentino, во друштво со своите колешки, како и со модните дизајнери Gianni Versace и Calvin Klein./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.