Rimel

Моделот Adwoa Aboah доби нова, голема улога во светот на модата: стана заштитно лице на Rimmel и глобален активист на брендот.

Ѕвездата од насловната страна на Vogue, која има основано добротворна организација за ментално здравје Gurls Talk, ќе работи со брендот за шминка, залагајќи се едновремено и за самоизразување и индивидуализам.

Не е секогаш толку лесно да се биде свој – и јас во минатото навистина се борев со тоа“, вели Aboah. Заедно, ќе продолжиме да ги охрабруваме луѓето да се чувствуваат удобно во својата кожа и да бидат горди на сите работи, што ги прават посебни.

Инспиративната активистка е и преубава моделка, која го истакнува својот индивидуализам и не и пречи интензивниот make-up.

Rimel

Од лекциите за индивидуалноста и самодовербата, се издвојува нејзината одлука да ја избричи косата, велејќи: Во 2015 година, по многу години омраза кон косата, конечно не почувствував никаква приврзаност кон неа. За првиот пат решив дека нема да носам голема пластична кеса со производи и дека не ми треба еден час да ги најдам сите шноли по ноќното излегување “.

Adwoa е родена и живее во Лондон, а со моделингот се бави од својата 18-та година. Има работено за најголемите модни куќи во светот, а сега е и дел од листата на поранешните лица на Rimmel London, како Kate Moss, Georgia May Jagger и Cara Delevingne./М.М.

Rimel

You may also like

Comments are closed.