Живееме во едно поинакво време каде што секој чувствува доза на страв и неизвесност, каде што секој се труди да остане со позитивни мисли за едно подобро утре и надеж за подобра иднина.

Идејата за новата колекција: “2020 going 80’s” создадена е со цел да се навратиме кон 80-тите години, во едни поедноставни времиња каде на луѓето стресот им беше нешто непознато, кога одличната поп-култура вклучувајќи ги најдобрите филмови, музика и ТВ емисии, внесуваа енергија кај вистинските љубители на забавата,…времето кога луѓето беа среќни, знаејќи дека животот е составен од моменти за паметење.

Иако тие години се минато, смелиот, еклектичен стил од таа деценија продолжува да живее и денес. Кога ќе помислите на модата од 80-тите години, веднаш добивате слика на светли бои, розева, зелена, сина,… совршено обликувани "разиграни" кадрици украсени со дречливи стегачи, како и “агресивна”, блескава и колоритна шминка. Белите патики, грејачи, широки блузони, искинати хулахопки, бајкер-јакни и широки здолништа – сето сеуште е дел од силуетата на 80-тите години.

Големо влијание врз реализацијата, а воедно и инспирација за оваа колекција беше и легендарната музика која што плени со широкиот спектар на жанрови, носејќи категории и варијации дотогаш нечуени, варијации кои и ден денес се главен сегмент во современите ноти.

Кога ќе помислите на 80-тите, помислувате на Мајкл Џексон, Мадона, Витни Хјустон и уште многу други извонредни изведувачи. А каде се слушале овие незаборавни гласови?

Секако, на касетофоните. Тој е впрочем и главниот симбол на “AngieM.” Спортската колекција. Оваа колекција на спортска опрема, хеланки со висок струк, топчиња и дуксерки, е наменета за сите девојки кои се пред сѐ спортски активни, вежбаат јога, фитнес, аеробик, зумба, пилатес, кои сакаат да носат удобни парчиња кои го истакнуваат женското тело, а притоа сакаат да се чувствуваат пријатно и женствено.

Но нашите парчиња не се само за спортските ентузијасти. Дизајнирани со неверојатни детали и совршено-позициониран крој, тие може да се користат и како моден избор за вечерни или попладневни излегувања.

За внимателно срочените парчиња да доживеат целосна реализација, повторно се погрижи нашиот врвен моден дизајнер ЗАНОВ. За целосното заокружување на идејата, огромна благодарност им искажуваме на посебните: make up артистот Миа Араби, Елена Николовска беше задолжена за фризурите, Мартин Трајановкси -фотограф, Ѓорги Вацев – видео, Ангела Анчевска – модел, Ангела Младеноска – модел, Марија Лукаревсkа – кореограф и танчер, Сања Матeeва – танчер – студиото за танци “Сонриса” и модната агенција Моделс Ин Менаџмент. За целосната организација и дизајн на колекцијата се погрижи Ангела Младеноска (основач на AngieM.). Специјална благодарност до Вања Младеноска (коосновач на AngieM.) А сега ве оставаме да се запознаете со моделите од новата колекција.

Уживајте!

 

 

 

 

You may also like

Comments are closed.