Новиот тренд не може да се негира бидејќи е присутен на безмалу сите модни настани, дел е од летните колекции, а присутен е и на социјалните мрежи. – За Вог, трендот на микро-мини здолништа е лидер на претстојното лето
На модните писти изминатиов месец се појавија сосема нови „голи“ трендови, кои се очекува да бидат голем хит годинава, особено во летните и есенските месеци. Меѓу нив, најизразит е трендот на микро-мини здолништа. Тоа е едно од најпотребните парчиња облека, па затоа не е изненадувачки што е многу популарно меѓу модните дизајнери. Giambattista Vali, Miu Miu, Dior, Prada, LaQuan Smit и Mango се некои од брендовите со претставени куси здолништа. Меѓу нив, како предводник на трендот, се смета LaQuan Smit чија колекција за изминатата есен беше бурно поздравена поради рафинираниот стил на вклопувањето на микро-мини здолништата во складни есенски композиции.
Микро-мини се разликува од оние куси здолништа што се носеа во 60-тите години од минатиот век, кога беа рамни, или од 70-тите – кога беа со висок струк и во облик на ѕвоно. Новиот тренд, освен кусо здолниште, најчесто подразбира ниско поставен струк, па токму затоа се нарекува микро-мини здолниште./М.М.