На Лондонскиот дизајн фестивал (London Design Festival) вниманието на посетителите го привлекува инсталацијата наречена “Medusa”. Дело е на Tin Drum Mixed Reality студиото и на јапонскиот архитект Sou Fujimoto.
„Медуза“ ја поврзува публиката со уметноста, дизајнот и архитектонската визуелизација во трансцендентна изведба претставена во „мешана реалност”.
Tin Drum, водечкото студио за мешана реалност (Mixed Reality) во светот, објави дека на 19-от фестивал за дизајн во Лондон настапува со нова револуционерна инсталација, Медуза, поставена во Raphael Court на Victoria & Albert Mузејот. Медуза според Tin Drum е еминентна визуелизација на архитектурата во медиум на мешана реалност, што ја испитува меѓусебната поврзаност на природата и уметноста.
Tin Drum создава содржини со мешана реалност, слично со аугментираната стварност, но преку нов уред, во настојување да се спојат уникатно димензионалната форма со реалниот свет. Публиката носи посебни уреди за да ги гледа содржините што се прикажуваат во нивниот простор.
Tin Drum перформансите ги поврзуваат луѓето и приказните на начин што оди над сето што досега било можно преку традиционалните медиуми овозможувајќи богато, длабоко ускуство, се посочува во соопштението. Со својата инсталација Tin Drum претставува ново доживување на иконската размена на природата и архитектурата на Fujimoto, повикувајќи на колективно човечко искуство, наменето да ја одведе својата публика на пат на самоистражување.
Medusa инсталација на London Design Festival
Посетителите на годинешниот London Design Festival можат да ја посетат Медуза, виртуелната инсталација на јапонскиот архитект Sou Fujimoto и студиото Tin Drum.
Архитектонско-виртуелната инсталација е поставена во V & A. Музејот, во рамките на Фестивалот на дизајнот.
До 50 гости едновремено можат со посебни очила за т.н. мешана реалност да ги истражат експерименталните архитектонски форми. Додека се движат низ Медуза динамичната структура на инсталацијата, „се менува и се развива врз основа на движењето на посетителите“. Медуза „одговара„ на движењата на својата публика, посочуваат од Tin Drum.
Посетителите можат истовремено да го набљудуваат ова парче виртуелна архитектура, пловејќи и движејќи се во внатрешноста на просторот што е ограничен од самата галерија. Структурата е набљудувана од целата група и се менува врз основа на однесувањето на публиката, а не за секој поединец./M.M.