Малахитот е полудраг камен со јасна зелена боја и брановидни темни ленти. Се смета за силен камен, со лековито дејство врз повеќе заболувања, меѓу кои се ревматизмот и воспалувањето на зглобовите. Помага и при хронични респираторни заболувања, астма и пневмонија. Ја зајакнува отпорноста на заразни болести, грип, треска, ангина, итн. Поради овие својства, се почесто се спомнува како полудраг камен што кога е во прашање заштитата – може да се спротивстави и на короната.
Инаку, малахитот е симбол на женственост, фантазија и постојани промени. Блесокот и преливањето на неговите темни и светли бои ни симболизира дека се се менува и дека треба да живееме со промените, да ја разбереме убавината на животот и да се обидеме да уживаме.
Малахитот развива координација на двете мозочни хемисфери, бидејќи секое негово парче е различно и не се повторува, во секој дел ја задржува својата оригиналност со што ги хармонизира и балансира емоциите со разумот. Тој буди во нас силна љубов кон природата и нè насочува да живееме со нејзините закони. Освен тоа, малахитот е камен на креативност – ги неутрализира емоционалните проблеми и на душата и дава мир и хармонија. Тој длабоко ги разградува проблемите и трајно ги отстранува. Тој ни помага јавно да ги покажеме нашите мислења и чувства. Малахитот е исто така камен на духовна трансформација и еволуција. Тој има способност да ги прочисти, активира и да ги балансира сите чакри. Заедно со азуритот, многу внимателно и долготрајно ги пробива и лечи длабоките ментални рани.
Малахитот е познат уште од античко време, кога бил откриен на планините на јужен Иран, во познатите рудници на царот Соломон. Сепак, единствен во однос на бојата и текстурата е Уралскиот малахит, познат низ целиот свет. Поради својата исклучителна убавина, тој е наречен и „камен од паун“. / М.М.