ВестиКултура на живеење

Македонски успех на изборот за Мис на Европа 2026

Моника Црнокрак ја освои титулата Петта придружничка, а младата Нела Јосифовска прогласена за најубаво лице на Европа
Викендов во Бејрут, главниот град на Либан, во реномираниот Event Centar „Quora“, се одржа финалната вечер на меѓународниот избор за Мис на Европа 2026, настан кој собра триесет  учеснички од различни европски земји. Македонија на овој престижен избор беше претставена со две кандидатки, кои остварија значаен меѓународен успех и ја промовираа земјата во исклучително позитивно светло.
Нашата претставничка Моника Црнокрак се закити со високата титула Петта придружничка (5th Runner-Up), позиционирајќи се меѓу најуспешните учеснички на натпреварот и потврдувајќи го
квалитетот и сериозната подготовка со која настапи на изборот. Покрај неа, Македонија имаше уште една претставничка – 18-годишната Нела Јосифовска, која ја освои специјалната титула Miss Best Face, односно признанието за најубаво лице на Европа за 2026 година.
Круната за Мис на Европа 2026 ѝ припадна на претставничката на Русија, која според одлуката на меѓународното жири беше најдобро рангирана во целокупната конкуренција.
Посебно внимание на настанот привлече и националниот костим во кој се претстави Моника Црнокрак. Фустанот беше изработен специјално за оваа пригода од македонската модна креаторка Наташа Карчева и преку современа модна интерпретација ја претстави македонската културна и естетска препознатливост пред европската и светската јавност.
Изборот за Мис на Европа и оваа година се одржа во организација на Style Events OrganizaTon од Бејрут, Либан, која од 2002 година континуирано го реализира овој интернационален настан.
Лиценцата за Македонија веќе со години ја поседува Модното студио Црнокрак, кое обезбеди целосна поддршка за македонските претставнички – од подготовките до нивниот престој и настап
на изборот во Либан.
Со освоените титули и достоинственото претставување, македонските кандидатки уште еднаш го потврдија својот потенцијал и придонесоа за афирмација на Македонија на европската сцена на убавината и модата.
Модно студио Црнокрак

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.