Доследен на себе, Stéphane Rolland и во својата пролетно-летна колекција на високата мода претстави лесни, но драматични дизајни во стилот на апстрактниот експресионизам.

Stéphane Rolland покажа силна, скулптурална колекција чии корени се поврзани со Бразил. Објаснувајќи ги мотивите, славниот француски кутуриер вели:„Почнав да ја градам приказната во три дела. Првиот е Рио во 70-тите – архитектурата, модерноста на структурата, додека вториот дел се однесува на амазонските корени на Бразил и луѓето од прашумите„. Третиот дел се навраќа на историјата на Бразил – конквистадорите, нивното злато и другите богатства.

Почетниот изглед, oд првиот дел, е асиметричен долг фустан – бел блескав воал, со скулптура во облик на јајце изработена од бел жерсеј и поставена на рамото.

Мини фустанот од црн газар, како своевиден цвет се обвиткува околу телото, вели дизајнерот објаснувајќи го вториот дел и обработката на газарот како материјал на високата мода.

Последниот изглед, со кој завршува третиот дел, е обемна венчаница од златно ламе, украсена на предната  страна. При нејзината изработка, Rolland ја имал на ум позлатената скулптура на Madonna, наречена Богородица од Aparecida.

Колекцијата е надополнета со големи парчиња накит, како нараквици и обетки, во метал, дрво и украси од скапоцени камења – вклучувајќи смарагди, жад и малахит. Накитот е присутен во речиси сите модели и ја надополнува оригиналноста на изразот

Се во колекцијата е во духот на Stéphane Rolland, за кого воглавно се е црно, бело и блескаво и – се е во волуменот и во контраста./М.М.

На неговиот сајт  и на youtube е поставен филмот на кој е снимена целата модна ревија со пролетно-летната колекција:

 

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.