Кога љубовта кон кошарката станува платформа: Дончиќ со прва објава токму за Денот на вљубените
Кошаркарската ѕвезда Лука Дончиќ ја претстав платформата 77X – сопствен дигитален универзум за директна комуникација со навивачите, развиен во партнерство со e-commerce платформата Shopify. Новата direct-to-fan платформа обединува ексклузивни производи, колекционерски артикли, оригинална содржина и интерактивни искуства, со цел да понуди нов модел на поврзување меѓу спортистот и публиката.
Според Дончиќ, 77X е замислена како одговор на фрагментираните традиционални медиумски и трговски модели, обединувајќи ја целата негова содржина, производите и ангажманот со навивачите на едно место. Платформата е ориентирана кон таканаречениот „модерен фандом“, со постојано активни, интерактивни заедници и искуства што одат многу подалеку од класичните спортски преноси или натпреварувачки вечери, како што може да се види и на линкот: https://77x.world/
Лара Бет Сигер, главен бизнис и бренд директор на Лука Дончиќ, извршен директор на 77X и на Фондацијата Лука Дончиќ, истакнува дека 77X претставува преземање целосна контрола врз личниот бренд на кошаркарот и директно градење однос со навивачите. Според неа, токму ваквиот модел ќе ја обликува иднината на брендовите поврзани со професионалните спортисти.

Во рамки на соработката, Лука Дончиќ ја задржува целосната сопственост над интелектуалната сопственост и креативната насока на 77X, додека Shopify ја обезбедува технолошката инфраструктура и флексибилноста неопходни за одржлив direct-to-consumer модел. Платформата е замислена како интегриран систем што ги обединува медиумите и заедницата, раскажува приказни и организира продажба.
Клучен елемент на 77X е Fan Pass – сопствена членска и технолошка платформа, развиена специјално за овој проект, која им овозможува на навивачите активно да учествуваат во креирањето производи, да добијат ексклузивен пристап и директно да станат дел од креативниот универзум на Дончиќ.
Харли Финкелштајн, претседател на Shopify, оценува дека 77X претставува редок спој на култура и трговија што поставува нови стандарди. Според него, Лука Дончиќ е еден од оние поединци што ја менуваат играта, а 77X е нов нацрт за иднината на фандомот и трансформацијата на спортистите во претприемачи.
По повод лансирањето, Дончиќ започнува серија ексклузивни изданија на мерчендајз и колекционерски производи, со прва објава планирана за Денот на вљубените. Во текот на годината ќе следуваат дополнителни изданија, паралелно со проширувањето на универзумот 77X, при што членовите со Fan Pass ќе имаат предност со ран пристап и прв поглед кон новите производи. Дополнително, ѕвездата на Los Angeles Lakers ќе организира и имерзивно фан-искуство за време на NBA All-Star Weekend во Лос Анџелес, што ќе се одржи од 12 до 14 февруари.
Лансирањето на 77X доаѓа во период на исклучително успешна сезона за Дончиќ во NBA. Тој е лидер во гласањето на навивачите за All-Star натпреварот, најгледан играч на лигата на социјалните платформи и втор на листата за најпродавани дресови на NBPA за првата половина од регуларната сезона 2025–2026, според податоците на NBA и Асоцијацијата на кошаркари./M.M.



















