Нов моден момент: Zara ја претстави својата најсмела модна соработка
Францускиот дизајнер Лудовик де Сен Сернен, познат по неговиот смел еротски естетизам ја претстави новата колекција создадена за Zara
Лудовик де Сен Сернен и шпанската модна куќа Zara ја делат истата љубов кон Њујорк. Толку силна, што била и повод за создавање капсулна колекција инспирирана од „гламурот што го краде вниманието“ и што го претвора Њујорк во глобална модна дестинација.
Она што го создадовме заедно е мојата замисла за совршен гардеробер: парчиња изработени со извонреден квалитет, што сакам да ги носам јас, што сакам да ги носат моите пријатели, што сакам да ги носат сите, се наведува во официјалното соопштение на Лудовик де Сен Сернен. „Најневеројатниот аспект од работата на оваа колекција беше сознанието колку ќе биде универзална. Благодарение на Zara, луѓето од целиот свет ќе можат да влезат во универзумот на Ludovic de Saint Sernin.“
Создадена во градот што никогаш не спие, секое парче од колекцијата лесно преминува од дневен во вечерен изглед. Светлата на големиот град се преточени во низа украсени маици и топови (препознатлив белег на Ludovic de Saint Sernin), создадени да се комбинираат со ниско спуштените фармерки од обложен тексас, како и со светкави мрежести парчиња што го доловуваат духот на доцните ноќни средби кои завршуваат дури наутро. Модниот филм, снимен во рамки на кампањата, може да се види на следниот линк.
Во него се појавуваат моделките Амелија Греј и Алекс Консани, снимени од Гордон фон Штајнер и, според дизанјерот, претставува уште еден „момент за штипнување“.

Францускиот дизајнер Лудовик де Сен Сернен, од 2017 година го гради својот моден подем преку истоимениот бренд и преку впечатливите креации што ги носат познати актерки и музички ѕвезди. Годинава за дизајнерот е посебно значајна: беше гостин-дизајнер кој создаде уникатна колекција за висока мода на Jean Paul Gaultier./М.М.

You may also like

Comments are closed.