Визијата на Anthony Vaccarello за Tan Lines колекцијата на Saint Laurent се протега надвор од модата, поканувајќи да создадете сопствена летна визија, без оглед дали одите на некоја егзотична дестинација или, едноставно, го минувате летото во градот.


Рекламната кампања за колекција на Saint Laurent – Tan Lines 2024, снимена од фотографот Henrik Purienne, поканува на уживање во златните часови на летото.


Anthony Vaccarello, креативниот директор на брендот, во својата капсула колекција нуди низа основни работи за летото, препознатливи по естетика на Saint Laurent.
Пред објективот на Henrik Puriennе се моделите Anja Rubik и Rosé кои впечатливо ја доловуваат лежерната атмосфера на летните денови.


Од костимите за капење и преголемите чанти за плажа, линијата Rive Droite зазема централно место и во оваа капсула колекција, заедно со разиграните соработки, каков што е примерот со Saint Laurent велосипедот./М.М.

You may also like

Comments are closed.