Модниот бренд Alberta Ferretti за презентација на годинешната пролетно/летна колекција ја одбра манекенката Gretu Hofer и фотографот Rafael Pavaroti. Нудејќи избор на лесни фустани со долги и кратки силуети, но со текстура, колекцијата го потврдува основниот стил на дизајнерката во кој се помируваат спротивностите во магична хармонија. Боите се природни, светли, со живописен сјај на рубин, тиркиз, смарагд и аметист.
Макрамето и капчињата се клучни мотиви: Украсувањата, особено оние рачно изработени, се последователен ефект на пандемијата; тие се физички симболи на личните врски што сите ги посакувавме за време на ковидот.
Во светот на Alberta Ferretti ренесансата има двојно значење: во сезоните што доведоа до кризата, Ferretti ги вложуваше своите напори во проширување на колекцијата подготвена за носење. Имаше серии со кожени панталони, елеци и фармерки. Но, времето на пандемијата и сето што следеше како да ја убедија да се врати на она што најдобро го знае – лелеавите силуети и романтичните фустани.
Самата дизајнерка ја забележува желбата на жените повторно да се дотеруваат. Колекцијата ја исполнив со ренесанссен допир – за да го добијам она сензуално, но не и вулгарно, објаснува дизајнерката Ferretti./М.М.