Безмалу се неброени причините за опаѓањето на косата, како и рецептите за помош во вакви ситуации. Како најнови причини се наведуваат и опаѓањето на косата по прележана корона, па стресот, потоа некои хемикалии… навистина има многу причини поради кои копнееме по бујна и густа коса, а еве и совет како тоа можеме и да го постигнеме.
Кромидот се почесто се наведува како зеленчук со магичен ефект во доменот на убавината на косата и намирница број еден во борбата против опаѓањето на косата.
Кромидот има висока содржина на сулфур. Освен што му дава на кромидот уникатен мирис, сулфурот е токму она што и треба на вашата коса за да остане силна, сјајна и убава. Косата се состои од протеин богат со сулфур што го познаваме како кератин. Така, кога користите шампон од кромид за коса, на косата и давате помошна или дополнителна количина на сулфур, зајакнувајќи го нејзиниот корен.
Кромидот спречува и инфекции на скалпот и првутот: има антибактериски, антимикробни и антигабични својства, што помага да се спречат инфекции на скалпот со тоа што го одржува скалпот здрав.
Освен шампон со природно масло од сумпор, можете и во домашни услови да подготвите адекватна маска со кромид за косата. Едноставно, сокот од исцеден, изблендирам кромид се нанесува на скалпот и се остава да дејствува околу еден час, пред да се измие со млака вода и благ шампон./М.М.