Приказната за „Краш„ има минато и иднина и е „Вкус кој се споделува со генерации”. Под ова мото потворно е отворена „Краш Бонбониера„, на улицата Македонија, во Скопје. Со свечена црвена лента, вратите на „Краш” ги отворија преставници од менаџментот на Краш Хрватска и увозниците Колид С Тим, како и хрватската амбасадарока во нашата земја, Нивес Тигањ.

Според Невен Пивац, мнозински акционер и Славко Ледиќ, претседател на управниот одбор на „Краш Хрватска”, кои се обратија на отворањето, соработниците во Македонија ја следат визијата на „Краш” како најдобар бренд на Балканот , како и мотото„ за чоколади и слатки за идните генерации„. Приказната за “Краш” има иднина и треба да се споделува со генерации: „Краш” бил и останува омилен бренд.

Хрватската амбасадорка во Северна Македонија, Нивес Тигањ, рече дека е чест што „Краш„ е една од 30-те хрватски компании кои успешно работат на македонскиот пазар.

– Навистина сум задоволна што „Краш” повторно ги отвори вратите за сите гурмани и сладокусци. Сигурно дека една од нив е и познатата Бајдера, а Амбасадата на Република Хрватска во Северна Македонија ќе продолжи, во сите прилики, да ја промовира не само Бајадера, туку и другите крашови слатки производи. – изјави амбасадорката Тигањ.

На настонот присуствуваа пријатели на компанијата, претставници од бизнис секторот, како и родители и деца кои ги забавуваше диџеј Алек Солтиров, заедно со маскотата Панда, која им делеше подароци на најмладите. На настанот присуствуваа и добија слатки подароци и децата од СОС Детско село.

Од 1911 годинa до денес, Краш е најголем производител и најзначаен бренд во категоријата чоколади, вафли, бомбоњери и бонбони, и е лидер во екс-југословенските земји, вклучувајќи ја и Македонија./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.