Кофеинот станува новата задолжителна состојка во шампоните за раст на косата. Иако за многумина кофеинот е клучот за добро утро и продуктивен ден – сега е повикан и за нова употреба: раст на косата. Кофеинот е идентификуван како неопходна состојка во шампоните кои помагаат да се стимулира растот на косата.
Имено, шампонот со кофеин може да ги зајакне и ревитализира фоликулите на косата, оставајќи здрава, убаваи хидрирана коса. Зголемувајќи ја циркулацијата на крвта, го попречува проретчувањето на косата и го зголемува нејзиниот раст.
Шампонот со кофеин, како и секој друг производ за нега на косата, треба да се употребува со претпазливост за да избегнете отстранување на природните масла на косата. Кога ќе се примени вистинската пропорција, со тек на време, стануваат видливи позитивните резултати врз растот на косата.
Еве неколку шампони со кофеин што можат да се најдат и кај нас.
The Doctor – Шампон за стимулирање на раст на коса со кофеин и ѓумбир
The Doctor шампонот е ефикасен производ со докажани природни активни состојки, се посочува во претставувањето на производот. Кофеинот го активира коренот на косата, го запира опаѓањето на косата, ја продолжува анагенската фаза и го стимулира растот. Ѓумбирот ја подобрува микроциркулацијата на скалпот, што обезбедува повеќе кислород и хранливи материи потребни за раст.
Triple Eight Caffeine Shampoo – Шампон против опаѓање на коса
Иновативната формула нуди нов пристап во активниот третман на проблемот со опаѓање на косата, притоа подобрувајќи ја нејзината структура и поттикнувајќи го растот на влакното дури од коренот, се истакнува во преставувањето. Уникатните активни својства на кофеинот продираат длабоко во фоликулите на влакната, го неутрализираат негативното дејство на тестостеронот и го спречуваат губењето на косата. При секојдневна употреба на кофеинскиот шампон се продолжува фазата на раст на влакното, а косата станува поцврста, поздрава и посјајна. Погоден за сите типови коса. Погоден за секојдневна употреба.
Double Effect – Кофеински шампон
Освежителен шампон со двоен ефект кој делува во борба против перут и превентивно против опаѓање на косата. Кофеинот го зајакнува слабиот корен и го стимулира во текот на миењето. Шампонот на база на кофеин содржи и витамин Б3, како и пантенол за убава коса.
Logona, шампон со кофеин и гоџи
Шампон за коса специјално создаден да одговори на потребите на тенка, слаба и проретчена коса. Благо и нежно ја чисти и негува косата со ревитализирачко дејство на органски кофеин и богат со минерали, екстракт од органски гоџи-бобинки. Го зајакнува коренот на косата, го ревитализира скалпот и ја зајакнува косата. Со редовна употреба го подобрува растот на косата. Погоден за секојдневна употреба./М.М.