Во пресрет на премиерата на најновиот филм на Sofia Coppola, Priscilla, на трети ноември годинава, брендот за шминка Half Magic, претстави ограничено издание на комплет за шминка во чест на филмскиот настан.
Специјалниот сет за шминка Magic Flik, содржи калиграфски молив за очи, со уникатно обликуван врв што лесно се движи до линијата на трепките, правејќи го шминкањето во стилот на шеесетите од минатиот век едноставно изводливо, а мошне впечатливо. Моливот е постојан – најмалку 12 часа и е целосно водоотпорен, обезбедувајќи беспрекорна шминка во текот на денот.
Вториот производ од комплетот е Wing Magician, во форма на дијамант за да одговара на контурите на секоја форма и големина на очите, едновремено обезбедувајќи прецизност и конзистентност. Како силиконски алат, гарантира исцртување без грешки.
Сетот за шминка Priscilla x Half Magic се комплетира со „Eyelectric Extreme Lengthening Mascara“, со ултра дефинирање и издолжување на трепките. Достапени се три универзално светликави нијанси: „Violet Act“, „Teal Widdit“ и „Urchin“ црна.
Сетот за шминка Priscilla x Half Magic ќе биде достапен по цена од 49 долари на порталите на A24films, Half Magic Beauty и Ulta./М.М.