Во рамките на Белградската модна недела, во големата сала на киното Балкан се одржа ексклузивната модна ревија на Кластерот FACTS (Fashion apparel cluster Serbia), каде модната куќа LUNA премиерно ја прикажа својата ексклузивна колекција фустани. 

Ревијата со која FACTS одбележа значаен јубилеј на постоење и успешна работа, предизвика голем интерес кај публиката и медиумите. Повеќе од 60 модели на најпознатите домашни брендови, како: Ivko, Extreme Intimo, Tiffany, AMC, Luna, PS Fashion, Exterra, Beba Kids, Ninia и Maruška, продефилираа на модната писта давајќи уникатен увид во креативноста на членките на кластерот.

Од своето основање, FACTS дава значаен придонес во развојот на модната индустрија во Србија, а во мрежата на препознатливи брендови, со концепт на франшиза за продажба, вклучени се над 400 малопродажни места на поранешниот југословенски пазар, со вкупен промет од близу 70 милиони евра годишно, како и околу 5.000 луѓе интегрирани во мрежата на Здружението.


По дванаесет години успешна соработка и работа мрежата на Кластерот на индустријата за мода и облека брои сто хоризонтално поврзани членки на приватни производствени компании – носители на најпознатите српски брендови, како и мали и средни претпријатија, вклучени во креирањето и создавање брендови, образовни институции со три Универзитети на Република Србија, и модната платформа BFW./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.