Kenzo

За својата втора кампања годинава, Felipe Oliveira Baptista за KENZO реализира колекција и претставување во кое се преклопуваат времињата и местата, како на инспирацијата, така и на претставувањето, алудирајќи на потребата за движење во време кога тоа поради пандемијата е мошне ограничено.

Концептот на претставувањето на колекцијата наречена Bee a Tiger е низ специфична фотографија. Имено, за прв пат користена за колекцијата  есен-зима 2020, и овој пат со фотографот Glen Luchford и стилистката Jane How е направено временско и стилско преклопување.

Kenzo

Се работи за стари фотографии, од архивите на Luchford – но со модели снимени под слични околности со оние на старите слики, секако,овој пат облечени во колекцијата на KENZO за пролет-лето 2021 наречена: Bee a Tiger!

Сликите предлагаат фотографско патување низ светот – од Лос Анџелес до Хавана, до Њујорк и Маракеш – потсетувајќи на духот на патувањата и на различните места, во време кога слободното физичко патување се чини дека е далечна реалност.

Изборот на слики и на стилот е направен со цел да се изрази визијата на Baptista за KENZO: младешки номадски дух, слобода, разновидност, оптимизам и одредена идеја на KENZO безвременскиот стил./М.М.

Kenzo

Kenzo

Kenzo

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.