Adidas се соочува со силен притисок од групите за заштита на животните, во врска со употребата на кожи од кенгур за изработка на патики.
Кожата од кенгур долго време е контроверзен материјал и тоа не само во светот на спортот. Групите за заштита на животните повторно го повикаа гигантот за спортска облека Adidas да престане со употребата на кожите од кенгур. Организациите кои ги застапуваат животните бараат веднаш да се воведе забраната, прекинувајќи го со протести и последното годишното генерално собрание на Adidas.


На собранието, запрашан од акционерите за причните на протестите, извршниот директор на Adidas, Björn Gulden, призна дека убиството на кенгурите е „ужасно“ додавајќи дека „префрлањето на други материјали би можело да биде побрзо отколку што се мисли“.
Jennifer Skiff, директорка на кампањата „Кенгурите не се обувки“ во Центарот за хумана економија (Center for a Humane Economy), вели дека глобалната заедница за заштита на животните е длабоко загрижена. Таа истакнува дека со употребата на овој вид кожа Adidas ги прекршува и своите јавно објавени политики за хуман третман на животните, донесени во 2012 година,но никогаш не реализирани.
Karola Mang, членка на Animal Rebellion, која и го има организирано прекинот на годишното собрание на акционерите на Adidas, изјави дека тоа бил единствен начин да се укаже на однесувањето на Adidas. Сето и особено поради фактот што конкурентите, како Nike, New Balance и Puma од минатата година се излезени од комерцијалното тргување со кожа усогласувајќи се со кампањата на Центарот за хумана економија./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.