Брендовите како Tiffany, Prada и Nikе се меѓу се бројните који своите дигитални токени ги користат за ексклузивен пристап на купувачите и до нивните физички производи.

Модните брендови се почесто го употребуваат NFT- незаменливиот токен поинаку од ликовни експерименти или за надградба на дигиталната уметност.
NFT се повеќе се користи и како влезна врата за продажба на физички производи.
Крипто-центриските брендови се приклонуваат кон NFT за да им се дозволи на купувачите да им се продаваат физички производи. Така, Nike објави NFT дуксер што сопствениците истовремено го добиваат за носење и во физичка форма. Се оди и подалеку: криптофигурата Gmoney, ќе ја добијат на NFT оние који првин ќе купат маичка во физичка форма.

Бидејќи NFT нудат лесен начин на сопствениците да им се понудат ексклузивни поволности, не е тешко да се замисли како брендовите би можеле тоа да го користат при лансирање на нови колекцији или за пристап до нови изданија и нови стилови, се вели во анализата објавена на Business of Fashion.
Шемата има неколку предности, како што е градење лојалност со купувачите, а бидејќи брендот треба да произведе само онолку производи колку што има купени NFT, практично нема ризик од создавање залихи.
Идејата добива на интензитет меѓу поддржувачите на web3. Nic Carter, ко-основач на крипто-фокусираната фирмата Castle Island Ventures, во објава на Medium идејата ја претстави како иднина на луксузните стоки, велејќи дека очекува тоа „да го забрза мејнстримирањето на NFT.

Carter понуди и детален план како брендовите би можеле да користат NFT за ослободување од залихи. Со купен NFT крипто-паричникот е „на листа“ на комуникација и на корисикот му дава загарантиран пристап , па да не мора да си ја пробува среќата во онлајн издание. Тие купуваат NFT, што обезбедува дигитална верзија на производот или дополнително и AR верзија, доколку сакаат да објавуваат на социјалните мрежи, а потоа имаат можност и да го носат производот.

Физичко-дигиталнате комбинацији тука не завршуваат. Имено, кога производот ќе пристигне кај купувачот и содржат вграден NFC чип, тој може да го скенира со својот телефон. Тоа дава уште еден NFT што ја докажува автентичноста на чевлите, но може да понуди и други бенефиции, како ексклузивен прием на настани или ставање на белата листа на носителите на тој NFT, па циклусот продолжува.

Во услови кога веќе постоји огромен пазар за NFT, со многу крипто-нови-богати купувачи, а зад сето е веќе изградена финансиска инфраструктура, секако дека планирано во врска со подигнувањето на продажбата на ново рамнипте има добра иднина./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.