Дуото „Дупер“ промовира нова песна – „Кажи ми во лице“. Музиката и текстот се на членовите на дуото Борис Какуринов и Илчо Нечовски, аранжманот на Какуринов, а миксот и мастерингот на Ангел Ќосев, од студио „Подрумот“.


Режисер на видео записот е Јордан Ѓорески, кој приказната на песната ја наоѓа, како што велат од „Дупер“ во пријатна домашна атмосфера.


Македонската публика ја освоија со оригиналноста во текстовите на песните „Не сум твој тип“, „Ние сме 2“, „Тело за на ТВ“, „Пробај да ми бидеш“, а со „Кажи ми во лице“ покажуваат дека создаваат оригинална музика со препознатлив и карактеристичен звук.
Видео записот за „Кажи ми во лице“ е на следниот линк –

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.