Кадаиф: фин, мек и вкусен десерт по потекло од Палестина, кадаифот во различни варијанти се приготвува во земјите во Медитеранот и на Балканот. Турскиот и грчкиот кадаиф, на пример, го дегустираат задолжително туристите како колач што се подготвувал со векови. Нашиот е поинаков и – веруваме, ќе ви се допадне.
Состојки:
- 500 гр свеж кадаиф
- 200 гр путер
- 150 гр сецкани ореви
- 100 гр, суво грозје отстоено во рум.
Шербет:
- 750 гр шеќер
- 1 л вода
- по избор малку сок од лимон
- ванилин шеќер
Крем-ванила:
- литар млеко
- 13 лажици шеќер
- Јајце
- 5 лажици густин/брашно
- 2 пакувања ванилин шеќер
-
- Декорација:
- 200 мл. слатка павлака
Подготовка: Кадаифот искршете го на ситно. Се топи путер и се посипува кадаифот. Се промешува со раце, за да се впие путерот. Нанесете половина кадаиф на тава, потоа ставете од оревите и сувото грозје, па врз нив ставете го останатиот кадаиф. Печете во загреана рерна (180 ° C) околу 20 минути додека кадаифот не добие златно-жолта боја. Додека се пече кадаифот, направете шербет. Откако ќе зоврие шеќерот со водата, варете го уште 15 минути, за да стане густ. Потоа истурете го шербетот над печениот кадаиф.
- Крем – ванила:
Литар млеко, со десет лажици шеќер, се вари до зовривање, потоа се додава постепено претходно подготвена смеса од едно јајце матено со три лажици шеќер, пет лажици густин и 50 мл. ладно млеко. Температурата постепено се намалува, кремата се меша додека да згусне. Пред крај во кремот се додаваат две пакувања ванилин шеќер.Топлиот фил може веднаш да го истурите врз кадаифот и оставете 1 час да се излади.Изматете 200 мл. слатка павлака и намачкајте го на оладениот фил и посипете со ореви. Наздравје!/Б.Б.
- Декорација: