По првата недела од отворањето, од Ист Гејт Мол известуваат за голема заинтересираност кај потрошувачите Толпа народ, од земјата и од регионот, според соопштението за медиумите, од рано изутрина со нетрпение го дочекала отворањето на најголемиот трговски центар во Македонија и регионот.

Ист Гејт Мол на секој посетител му посака топло добредојде со мотото „Ти си центар.“


Посетителите на Ист Гејт Мол имаа можност да уживаат во новата понуда на брендови, забавните содржини за најмладите, акциските понуди на закупците, одделот за храна – со неодоливи вкусови, како и во уникатноста и новата димензија на ентериерен дизајн за комерцијални објекти.
Новата шопинг дестинација во своето портфолио нуди над 220 продавници, над 600 брендови и има за цел да овозможи незаборавно шопинг искуство и да внесе нов ритам во урбаниот животен стил.

Многу познати светски брендови се дел од ланецот на понуди во Ист Гејт Мол како Zara и Zara Home, како и многубројни препознатливи глобални и регионални имиња како Reserved, Mohito, Sinsay, Cropp, House, Armani Exchange, Calvin Klein, Kiko Milano, Pandora, Mango Man-Woman-Kids, XYZ, Patrizia Pepe, XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Dsquared2, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset и многу други.

Шетањето на посетителите е комфорно поради широките булевари, природната светлина, високите сводови и мноштвото зеленило.
Ист Гејт Мол е новото срце на Скопје./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.