Кога минатиот месец шпанскиот луксузен бренд Balenciaga објави празнична рекламна кампања, а нивниот уметнички директор Demna ги затвори своите страници на социјалните мрежи (за, како што тоа вообичаено го прави, да не ги слуша мислењата на купувачите) веројатно не сметаа на внимание какво што сега им посветуваат и огорчените медиуми и гневните купувачи на социјалните мрежи.
Имено, Balenciaga се соочува со последиците од своите крајно сомнителни рекламни кампањи со деца и со чанти кои изгледаат како плишани мечиња во фетиш опрема. Еве само некои од нив:
Хаштагот #cancelbalenciaga има 70 милиони прегледи на TikTok, и луѓето таму споделуваат свои размислувања за контроверзните слики. Тие сега јавно ги уништуваат или отфрлаат сопствените производи на брендот.
Една корисничка со 65.000 следбеници, чие име е Gianna C. Avalos, објави клип во кој ја сече црната кожна чанта на Balenciaga, за која рече дека чинела 1.500 долари, и дека била нејзина секојдневна чанта. Нема да биде повеќе“, вели таа во видео клипот. Бројни се и видео клипови создадени и посветени на темата: https://www.tiktok.com/@kelvinsiso/video/7172200327570148613?is_from_webapp=v1&item_id=7172200327570148613
Гневот на јавноста се пресели од социјалните мрежи и на продажните простори на Balenciaga.
Така, на излогот од продавница на улицата Бонд во Лондон, според Independent и The Telegraph, на уличните камери може да се види маж, облечен во неонски жолт елек, како закачува винил налепница со зборот „педофил“.
Balenciaga веќе некое време ги поместува границите на добриот вкус. Но, речиси сите се согласуваат дека последните кампањи се и морничави и крајно несоодветни. Фетиш референци со деца – за тоа, едноставно, не постоји оправдување.
Медиумите јавуваат и за вандализирани излози на брендот во Калифорнија, како и за јавно кинење на нивните производи на социјалните мрежи. Така, фотографиите направени во петокот покажуваат излози на Balenciaga во Лос Ангелес, покриени со графити, кои ги критикуваат рекламите. На цртежите на деца со вознемирен изглед, пишува “Not 4 sex!!!” и „Децата не се сексуални објекти“.
Корисник на TikTok сподели видео од уличниот уметник, Joe Bloggs, кој призна дека цртежите се негови и објаснувајќи за Newsweek изјави: Го направив тоа поради гнасните фотосесии што ги направи Balenciaga и нивните асоцијации … со различни луѓе, вклучувајќи ја и Lotta Volkova.
New York Post пишува за вработени вознемирени поради видео во кое се соочуваат вработените во Balenciaga. Имено, двајца трговци од Австралија се снимиле себеси како им се обраќаат на вработените во Balenciaga, во врска со скандалот со рекламната кампања. „Како се чувствувате вие кога работите за компанија која отворено поддржува злоупотреба на деца? Како се чувствувате во врска со тоа?“ Се чини дека вработените се затекнати од прашањето, при што еден член на персоналот рече дека нема коментар, пред да продолжи со својата работа. Снимките со изјавите на вработените се поставени на социјалните мрежи, а во нив се коментира дека се во „еднонасочен пат кон пеколот“.
Во меѓувреме Balenciaga објави две извинувања, ги повлече двете рекламни кампањи и поднесе тужба од 25 милиони долари, против продуцентската компанија и сценографот, наводно одговорни за контроверзните кампањи.
Нема одговор кој од брендот ги одобрил рекламите, иако очите на јавноста се вперени кон, во секој случај, најодговорниот – уметнички директор Demna, задолжен за колекциите.
Доколку незнаел, а требал да знае, морална одговорност е да поднесе оставка, а доколку знаел – наместо молк и избришани профили, треба јавно да се соочи со последиците на своите дела. Конечно, го доби големото глобално внимание!/М.М.