Гламурозна фриволност, нагласени силуети и инвентивен надреализам на класиците кои потекнуваат од најславните 1930-ти, на основачот на куќата, Elsa Schiaparelli. Така некако може да се опише расположението во возвишениот позлатен атриум на Petit Palais,во Париз, на првото пролетно-лето шоу на Schiaparelli.
Дизајнерот Daniel Roseberry е во врвна форма – со своите златни облоги, сложени украси и класични стилови на који им одредува неочекувани пресврти.
Така темниот смокинг со вкочанети преголеми раменици се трансформира во минималистички комбинезон, а бронзената биста, замислена како џиновска школка од остриги се издига над лицето на манекенката.
Неверојатните бисерни украси на Roseberry беа изведени во органски, кристализирани слоеви, кои ја покажуваат вештината на домашното ателје. Со огромен број украси, како бисери е и болеро јакната, правејќи убава силуетата, на замислената морска принцеза.
Џиновската лавовска глава – моделирана од Irina Shayk, беше уште едно поздравување со надреализмот, но и изјава за апсурдноста на употребата на крзно./М.М.
Модното шоу може да се проследи на следниов линк: https://www.schiaparelli.com/en/haute-couture/haute-couture-spring-summer-2023-1/collection