Lee Frist Art Museum во Нешвил, Тенеси, подготвува изложба посветена на делото на легендарниот бритаснки моден дизајнер Alexander McQueen како и на неговата соработка со француската фотографка Ann Ray.


Организирана од Barrett Barrera Projects, изложбата наречена “Lee Alexander McQueen & Ann Ray: Rendez-Vous” ќе биде отворена од 30. мај до 25. август и ќе понуди сеопфатен увид во животот и во креативниот процес на починатиот дизајнер, видени и доживеани преку објективнот на Ann Ray.


Со одбрани 65 фотографии, снимени од Ray во текот на 13 години, посетителите ќе имаат можност да навлезат во светот на Alexander McQueen – од интимните моменти во студиото, до френетичната енергија зад сцената на неговите модни ревии.
Освен фотографии, ќе бидат изложени и шеесетина модели на славниот дизајнер. Се работи за скици, за готови парчиња облека како и за високата мода – haute couture креации.


Со тематски секции оформени од Ray, организаторите ветуваат нов поглед врз наследството на Lee Alexander McQueen, вклучувајќи ги годините поминати во Givenchy, легендарните креации создадени за својата модна куќа и трогателните последни години од неговиот живот.
Деталите се тука.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.