Британската супер-моделка Naomi Campbell, 40-те години поминати на модните писти и пред објективите, ќе ги сублимира во 100 парчиња облека и модни додатоци. Тие ќе бидат претставени на изложбата: ‘Naomi. In Fashion’, што ќе биде отворена во јуни, во Victoria & Albert Museum, во Лондон.
Изложбата е инспирирана од нејзиниот живот на пистата како и од богатата гардероба, haute couture и prêt-à-porter облека. Некои од изгледите што таа ги има носено се позајмени од дизајнерските архиви, а некои и од колекциите на V&A музејот.
На листата на моделите се дела на најславните дизајнери, како : Alexander McQueen, Azzedine Alaïa, Burberry, Chanel, Dolce & Gabbana, Gianni and Donatella Versace, Jean Paul Gaultier, John Galliano, Karl Lagerfeld, Kenneth Ize, Torishéju Dumi, Valentino, Virgil Abloh, Vivienne Westwood, како и Yves Saint Laurent.
Освен облека и модни додатоци, голем дел од изложбата ќе биде посветен на модната фотографија. Имено, низ децении, супермоделката била снимана од најголемите мајстори на модната фотографија: Campbell Addy, Nick Knight, Peter Lindbergh и Steven Meisel. Меѓу фотографиите се и оние зачувани од Edward Enninful, поранешен главен уредник на British Vogue.
Изложбата посветена на 40 години моделинг на Naomi Campbell во V&A , во Лондон, ќе биде отворена од 22. јуни годинава до април идната година./М.М.