Избор на Мажи на годината за 2020 година, ќе се одржи во среда, 25.ноември 2020 година, со почеток во 20:00 часот на МРТ1, а во организација на Џентлмен Магазин
Актуелната состојба услови и овде, како и насекаде во светот настаните да се со поинаков концепт. Со концепт што ќе овозможи целокупната јавност да го проследи изборот.
Според организаторите мотивот да се изберемат најуспешните мажи во државата е огромен, пред се поради ситуацијата со коронавирусот и пандемијата која на сите им ги има сменето плановите и навиките.
Мажи на годината е настан што прв пат е организиран 2018 година од страна на Фрајдеј Комуникации, и првиот специјализиран онлајн магазин кај нас www.friday.mk или по ново Џентлмен Магазин. За маж на годината во 2018-та беше избран Владимир Чадиковски, за 2019 година – Мислав Галер, кој ја понесе титулата за маж странец, како и Божидар Јанковски, кој беше избран за Маж на годината во избор на организаторите.