Модното пролетното издание за 2022 година на Shanghai Fashion Week, ќе се одржува од осми до 16-ти октомври, на тема (The Future Is Now ) „Иднината е сега“. Утврдениот распоред подразбира одржување на над стотина модни ревии, промоции и презентациии.
Кинеската дизајнерка Masha Mа ќе ја започне Модната недела со модна ревија во центарот на Shanghai, во Xintiandi. Клучните дизајнери што треба да се претстават со нови модни видувања на темата ги вклучуваат: Pronounce, Ban Xiaoxue, Zi Ii Ci Ien, Awaylee, Reineren, Yes by Yesir и Ricolee.
На саемот, повеќе од 1.000 брендови ќе учествуваат во модната недела под официјалните партнери на модната недела, како што се Mode, Ontimeshow, Showroom Shanghai, Tube Showroom, Alter Showroom, Not Showroom, Dadashow, Lab Showroom и Hch Showroom./М.М.