Македонската манекенка продолжува да ја освојува светската модна сцена со учество на врвни дизајнерски ревии на Миланската модна недела
Ивана Манас, македонската интернационална манекенка, ја отвори ревијата на познатиот бренд Tokyo James на Миланската модна недела, што за секој модел претставува голем професионален предизвик и признание.
Манас со години работи на светската модна сцена, а нејзината кариера веќе ги вклучува ревиите на големи имиња како Dolce & Gabbana, Rick Owens и Philipp Plein. Таа беше и единствената македонка која стана заштитно лице на целата кампања на D&G, што ја потврдува нејзината позиција меѓу интернационалните модели со висок профил.
Од матичната агенција Models IN Management информираат дека Ивана ќе остане во Милано до крајот на сезонава за да учествува на останатите модни проекти и ревии, продолжувајќи ја својата присутност на врвните модни сцени.
Со отворањето на ревијата на Tokyo James, Манас уште еднаш ја потврдува својата успешна кариера и репутација на интернационална сцена, носејќи македонско присуство на едни од најзначајните светски модни настани.
Models IN Management

You may also like

Comments are closed.