Нашиот интернационален модел Ивана Манас синоќа имаше модна ревија за познатиот моден дизајнер Philipp Plein. Беше ангажирана и на повеќе ревии одржани во рамките на миланската модна недела ( Milan Fashion Week ). Ова е нејзино прво појавување после две години, откако беше заштитно лице на кампањата na Dolce & Gabbana.

Ивана го направи својот камбек со неколку фантастични ревии на Модната недела во Милано, а претходно настапи и на ревиите на Anna Kiki и Aniye Records.

Ивана Манас е веќе неколку години во интернационалниот моделинг, а својот пробив го имаше кога беше дел од ревиите на Rick Owens и Dolce & Gabbana. Нејзините модни успеси ги доживуваме и како наши, велат од нејзината матична агенција Моделс Ин Менаџмент.

Моделс Ин Менаџмент

 

More in:Модели

You may also like

Comments are closed.