Празнувањата на крајот на годината се време за подарување и за размислување. Во таков дух BOSS ја заокружува 2022 – година на блескав успех – со блескава празнична кампања, посочуваат од брендот, преставувајќи ја нивната Златна празнична колекција.
Огледалата и златестиот беграунд создаваат блескава атмосфера додека новата актерска екипа на BOSS прикажува нова ready-to-wear облека и подароци во празнична палета на боји: од златна и до легендарната црна.
Новата екипа на модели – Adut Akech, Iman Hammam и Charles Melton bring BOSS го внесуваат ставот и самодоверба на BOSS во суптилниот раскошен, златен амбиент каде што аголните огледала ги множат сликите во прекрасен, калеидоскопски ефект.
Блескавите парчиња украсени со светки и легандарната BOSS јакна, со смокинг со суптилен златен сјај, ќе донесат дополнителен гламур на празничните вечери.
Новата колекција на BOSS содржи широк асортиман на кожни производи од кожа и модни додатоци, совршени за подарување. Најдобрите моменти вклучуваат облека со Б-монограм, безвременски црн ранец, како и кожени сандали со елегантен BOSS шармантен детал на глуждот./М.М.
Кампањата посветена на новата колекција е на следниот линк: https://group.hugoboss.com/en/newsroom/stories/boss-holiday-campaign