Актерската екипа на „Bullet Train“ застана во Берлин, а ѕвездата Brad Pitt го донесе „уау“ факторот! 58-годишниот актер, кој игра еден од атентаторите во возот, заниша кафеаво здолниште.
На промоцијата на својот најнов филм „Bullet Train“, на црвениот ќилим во Берлин, холивускиот актер Brad Pitt се појави во здолниште. Медиумите со големо внимание го проследија последниот моден потфат на актерот кој често е и модел, а се потсетија и на неговите зборови од 2004 година.
Имено, тогаш, на промоцијата на филмот „Троја“, тој рече дека уште од наредното лето мажите ќе носат здолништа. Во филмот се одеше на реализам, а Грците тогаш носеа здолништа.
Необичниот аутфит актерот го надополни со неколку слоеви сребрени ѓердани, очила за сонце и црни борбени чизми.
Патем, здолништето откри и некои од неговите тетоважи на нозете – лице од носорог и човечки череп./М.М.