По одреден број години, чистењето и хидратацијата стануваат нешто како ритуал, нешто што се прави без поговор. Понекогаш на кожата и треба малку повеќе грижа, за да блесне со својот негуван и нежен изглед. Со пилинг се отстрануваат сите нечистотии и изумрената кожа, дозволувајќи и на новата, млада кожа да ја изрази убавината. Пилингот во домашни услови е економична варијанта, без потенцијално штетни и иритирачки состојки.
Пилинг за тело од овес
Состојки:
- половина чаша снегулки од овесна каша (неварен)
- половина чаша кафеав шеќер
- половина лажица мед
- лажица масло од јојоба
- две капки есенцијално масло од лаванда
- четири капки есенцијално масло од здравец
Подготовка:
Снегулките и шеќерот мелете ги во блендер додека не се добие ситен прав и потоа додадете ги сите течни состојки. Мешајте додека не се добие изедначена смеса. Нанесете на чиста кожа, влажна или сува, како сакате. Нежно масирајте го лицето и телото по целата должина со кружни движења на прстите. Околу 15 минути се сосема доволни за третманот да биде ефикасен. По пилингот, следат туш и хидратантен крем за лице и тело. Најдобри резултати се постигнуваат доколку овој пилинг се нанесува два пати неделно./М.М.