На дезинформациите и маркетиншките трикови околу употребата на кремите за сончање, особено кога станува збор за нежната кожа на лицето, како да им нема број! Повлекуваат многу прашања од типот: Дали фондацијата со SPF15 е доволна за заштита? Дали кремата за заштита од сонце нанесена во осум наутро може да штити до зајдисонце? Дали кокосовото масло може да се изедначува со природен крем за заштита? Иако одговорот на сето наведено е не, тоа, сепак, не значи дека заштитата од сонце во сите сезони треба да е компликувана. Како соодветен одговор, Харпер Базар со експерти за нега на кожата, направи кус водич за правилно нанесување на кремите за заштита на лицето.
Заштитата на вашата кожа од штетните УВ зраци е веројатно најважниот начин на кој можете да спречите меланоми и предвремено стареење.
Заштитата со заштитен фактор е потребна секој ден – без оглед на временските услови, се наведува во водичот. Како правило, не користете помалку од SPF30. Во летните месеци користете SPF50 и, повторувајте го нанесувањето на секои неколку часа во текот на денот, ако сте надвор на сонце. Доколку носите шминка, користете заштитен фактор во спреј.
Постојат два различни типа на филтери за сонце. Оние „физички„ ги отфрлаат зраците, додека „хемиските„ продираат во кожата. Средствата за сончање со минерални филтери се подобри за чувствителните типови на кожа. Без оглед кој крем ќе одберете, мора да бидете сигурни дека обезбедува заштита од УВА и од УВБ.
Генерално, треба да се нанесе крема во количество на кафена лажица па и повеќе, затоа што треба целосно да го прекрие лицето и вратот.Само навидум е многу, затоа што покривањето треба да е целосно, особено кај вратот и деколтето изложени на сонце.
Идеално е да се користи серум кој содржи витамин Ц пред да се нанесе производ со заштитен фактор. Тоа ќе ја зголеми заштита. Антиоксидансите се борат со молекулите на слободните радикали кои ја оштетуваат вашата ДНК, што на крајот доведува до предвремено стареење. Антиоксидативните серуми се совршен партнер на вашиот крем со заштитен фактор. Нанесувањето на двете ќе ви даде најдобра заштита од сончевите зраци и ќе ви помогне да ја одржите вашата кожа здрава и енергична./M.M.

You may also like

Comments are closed.