Под мотото „Јазикот на етиката и дизајнот”, Fashion Weekend Skopje, синоќа го означи почетокот на своето 26, издание, овој пат на нова локација – East Gate Mall, со нов концепт и термин, концептуално вклопувајќи се во „Деновите на италијанскиот дизајн„ на италијанската агенција за трговија ITA, како и на Амбасадата на Република Италија во Скопје.
Деновите на италијанскиот дизајн се одржуваат ширум светот, иницирани од страна на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка преку италијанските амбасади, институти за култура и трговски агенции за промовирање на италијанскиот дизајн и архитектура.
За темата на „Деновите на италијанскиот дизајн„, насловена како „Квалитет кој просветлува. Енергијата на дизајнот и за луѓето и за околината” зборуваше Амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри кој синоќа го отвори настанот. Тој истакна дека насловот е избран затоа што „со својата интелектуална и продуктивна енергија, италијанскиот дизајн има намера да помогне да се донесе светлината во период во кој се чини дека преовладуваат сенки и темнина, и да го направи тоа користејќи го квалитетот кој отсекогаш бил негов белег. Во овој контекст, зборот квалитет не е толку синоним за луксуз, туку фактор на одржлив и одговорен развој„.
Италија е број 1° во светот по бројот на дизајнерски компании, а всушност дизајнот е во голема мера одговорен за успехот на тие производи. Впрочем, италијанските производи отсекогаш биле поврзани со квалитет, висока специјализација, диференцијација и елеганција. Италијанските брендови се познати во светот како симболи на стил. Всушност, италијанскиот се смета за јазик на модата, ѝ на македонски се вели мода.
На пистата на Skopje Fashion Weekend, синоќа се презентирани колекциите на ARMANI, LIU JO, PATRIZIA PEPE, TWINSET, SIGMA JEWLERY, DAN JOHN, ERREA, LEMARE, TOSCA BLU, BARK SHOES, FRATELLI BOVO, DANIELA COARO, UTOPIA, SERGIO ROSSI, TRUSSARDI, KIKO MILANO…
Skopje Fashion Weekend денес продолжува со промоција на домашните дизајнери на модната сцена. FWSK низ бројни општествено одговорни проекти поврзани воглавно со циркуларната мода, со години го насочува вниманието кон актуелни проблеми во нашето опкружение и иницира начини на нивно решавање./М.М.