Денес во Копенхаген започна модната недела (Copenhagen Fashion Week ) посветена на преставувањето на нордиската мода за сезоните пролет-лето 2023 година. Предвидено е одржување на бројни модни ревии, како и на изложби, разговори на актуелни теми, потоа на настани и вечери посветени на очекуваните модни движења и трендови.
Честа да го отвори настанот годинава му припадна на Berner Kühl кој ја претстави својата машка колекција за пролет-лето 2023 година. Со магистериј од Polimoda во Фиренца, Frederik Berner Kuhl е дизајнер и основач на истоимената марка. Воден од амбицијата да создаде нешто што е предодредено да трае, брендот пристапува кон модуларен концепт на гардероба.
Модното шоуто на Berner Kühl може да се проследи во живо на веб-страницата на Copenhagen Fashion Week на деветти август од 09:30 до 10:00 часот
Со своја најнова колекција денес се претставува и Christopher Raeburn, основачот на Ræburn чија определба е иновативноста, поради која е и финалист за наградите за одржливост на Zalando./М.М.
Распоредот на настаните на годинешното издание на Copenhagen Fashion Week е на следнив линк
https://copenhagenfashionweek.com/