Годинешната, 51. модна недела во Белград започна со едноминутно молчење и пригодно обраќање на директорот на манифестацијата, Ненад Радујевиќ. Во следните денови на белградската модна недела, до 14 мај, своите најнови колекции ќе ги претстават над сто локални дизајнери.
Првата ревија во рамките на оваа манифестација беше посветена на добитниците на наградата „Борис Николиќ“ за современ моден израз, која се доделува веќе 15 години и го носи името на дизајнерот кој остави значаен белег на модната сцена.
Така публиката во Белград имаше можност да ги види најновите модели на Александра Лалиќ, Ана Љубинковиќ, Ана Трошиќ Трајковиќ, Будислава, Ивана Пиље, Милица Вукадиновиќ, Сенка Кљакиќ, Соња Јоциќ, Тијана Милутиновиќ и на Весна Крацанов, односно на сите досегашни добитници који ја интерпретираа темата на современиот моден израз./М.М.
Погледнете ги нивните модели: