Dame Mary Quant модна икона и креаторка, жената која ги промовираше и им даде име на мини здолништата, создавајќи така ново поглавје во модната историја, замина во својата 93 година.

Таа беше меѓу дизајнерите који, промовирајќи го мини здолништето, жешките панталони и кусите, бобфризури, ги охрабруваше младите да се облекуваат како што самите сакаат, а на модата да гледаат како на забавна и весела игра.

Инспирирана од дизајните на Chanel, како и од флаперите од дваесеттите, таа комбинира кратки туники со хулахопки, создавајќи тренд кој всушност е модерна верзија на облеката од нејзиното детство.

Во 1963 година, Mary Quant  беше прва добитничка на наградата „Фустан на годината“, а само три години подоцна, беше назначена за Офицер на Редот на Британската империја за нејзиниот исклучителен придонес во модната индустрија. Наградата ја примиво Бакингемската палата во мини фустан!

Освен по препознатливите парчиња облека, Mary Quant беше позната и по својата боб фризура. Така таа влијаела на жените да ги скратат косите и да гиобликуваат на сосема поинаков начин за тоа време.

Во 1990 година ја доби наградата „Hall of Fame“ од Британскиот моден совет. Таа беше назначена и за командант на Редот на Британската империја во 2015 година, за нејзините заслуги во британската мода.

Во 2012 година беше меѓу британските културни икони, избрани од уметникот Сер Питер Блејк за да се појави во новата верзија на неговото најпознато уметничко дело – насловната страница на албумот „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“ на Битлси со цел да ги прослави британските културни личности, од тоа време.

Mary Quant беше полноправен член на Друштвото на овластени дизајнери и добитник на медалот Минерва, највисоката награда на Друштвото.

 

Таа беше една од вистинските влијателни личности во модата и го дефинираше начинот на кој жените размислуваат за себе, ќе посочат од магазинот Вог.Нејзините елегантни, едноставни, но и единственидизајни беа со милји далеку од облеката што ја носеа жените во 1950-тите./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.