Во својата најнова колекција и кампања на Max Mara, наменети за есен/зима 2022 година, ги нагласува топлите и пријатни дизајни.
На фотографиите може да се видат моделите Jessica Stam, Maty Fall, Rianne van Rompaey и Sherry Shi кои позираат во студиото на Ethan James Green во моделите дизајнирани од Ian Griffiths.
Дизајните се стилизирани монохроматски, од Tonne Goodman, при што доминираат нијанси на карамел кафена, огнено црвена и беж.
Новата колекција содржи серија топли плетива, со впечатливи мотиви и силни силуети во легендарната ткаенина на MaxMara наречена TeddyBear. Разиграните контрасти на текстурата и волуменот остануваат верни на ветувањето на Макс Мара за шик, модерно облекување./М.М.