Италијанската модна куќа Giorgio Armani ја претстави својата кампања за сезоната есен/зима 2022 година со супермоделот Irina Shayk. Светски познатиот супермодел во новите парчиња од есенската колекција, позира пред објективот на Mert и Marсus.
„Кога имав 20 години, за прв пат дојдов во Милано. Некогаш шетав низ градот сонувајќи за тоа како би било да работам за Armani – жените во Armani секогаш зрачат со таква класа и сила и си помислив, боже, дали тоа би можела да бидам јас. За мене тогаш тоа беше смешно неостварлив сон што го задржав за себе. Но, тука сум, многу години подоцна – се случи! Ви благодарам што ме избравте да бидам заштитно лице на вашата кампања. За мене тоа е голема чест“, сподели Irina Shayk на својот Инстаграм профил.
Од Models.com рангирана како една од светските супер модели Irina Shayk (Irina Valeryevna Shaykhlislamova), во кампањата на Armani меѓу дурите модели носи син фустан со мониста, заедно со чанта и високи потпетици, потоа темен костум со панталони, бела кошула и вратоврска, како и фустан со апстрактен принт. Дел е од класичната, есететки издржана колекција која плени со својот возвишен стил, традиционален за модната куќа./М.М.