Во рамките од одбележувањето на јубилејот, 150 години постоење, Levi’s промовира колекција на еко-фармерки. Имено, легендарните 501, во новата едиција, се создадени безмалу од растително потекло, моделот Selvedge 501 е од комбинација на памук и коноп, а Circular 501 од памук и рециклиран материјал од стари фармерки.
Од легендарниот бренд истакнуваат дека еко-фармерките претставуваат своевиден катализатор на промени во модната индустрија, покажувајќи низ примери како за Levi’s не е невозможно спојувањето на одржливоста и на стилот.
Plant-Based 501 целосно се изработени од сертифициран органски памук, одгледан без синтетички пестициди и со минимална потрошувачка на вода. Исклучок се конецот за шиење, етикетата и металните додатоци.
Направивме убави винтиџ фармерки, вели Paul Dillenger, раководител за глобални иновации на Levi’s. Тие ќе бидат истите стари пријатели што со години ги чувате. Нема да знаете дека потрошивме години на истражување и развој. Само ќе знаете дека тоа е вашиот омилен џинс. Би било идеално сценариото според кое повеќе нема потреба да се размислува од што е направена облека, бидејќи се е веќе еко-френдли погодно за Земјата, посочува Dillenger. Но, до тој момент, сепак, препорачуваме да избирате мудро и внимателно. Levi’s еко-фармерките се најлесниот и најсигурен избор./М.М.