Ова е сентиментална колекција, на одреден начин и многу лична, ќе изјави Giorgio Armani во претставувањето на својата пролетно/летна колекција. Во неа сè вибрира: и боите, низ сензации и – чувствата. Вибрациите како да стануваат видливи во брановидните движења и ткаенини, едновремено проширувајќи ја хроматската скала: од бронза и сребро во скапоцени зелени и виолетови нијанси – за да стигнат до белата, а таа продира во вечерните часови.
Кохерентна и континуирана по дефиниција, визијата на Giorgio Armani се прекршува и мутира – како да минува низ призма. Изгледа различно, но останува непроменета, откривајќи ги вибрациите на изворот на идејата.
Отсекогаш сум сакал моите клиенти, кога ги носат моите дизајни, да се чувствуваат како најдобра верзија од себе, вели Armani. Мојата облека во себе има софистицирана и енергична природност што ја открива личноста каква што е, овозможувајќи и да стне незаборавна, но не претерано. Никогаш не ми се допаѓала идејата за облека што го обзема оној што ја носи.
Новите колекции се и повод за осврт врз иднината на брендовите создавани од дизајнерот во изминатите половина век во светот на модата. Независноста од гигантите во индустријата претставува движечка вредност за Armani Group и сега и во иднина, но мислам дека ништо неможам да исклучам, изјави Armani./М.М.
More in:Мода
Невестинските couture фустани на Vivienne Westwood
Невестинската couture колекција на Vivienne Westwood за 2025 година, со само девет фустани, го истакнува ...
Victoria’s Secret 2024 – Повторно на писта
Во вторникот вечерта, модното шоу на Victoria’s Secret по едно откажување и шестгодишна пауза, ги ...
Dolce & Gabbana ја претстави Il Pranzo кампањата
Irina Shayk е водечки модел во најновата рекламна кампања на Dolce&Gabbana, насловена како Il Pranzo, ...
Emporio Armani и приказните за Made in Italy
Најновата кампања за машката колекција на Emporio Armani за есен/зима 2024/25 е со смел дух, ...