Колекцијата пролет/лето 2022 на Zara Studio, составена од сезонски парчиња со ограничено издание е веќе во продавниците.
Преставувањето на создаденото, замислено во соработка со стилистот Karl Templer и дизајнерскиот тим на Zara, нуди повеќе експериментални силуети во споредба со досегашните стандардни, основни артикли за облека. Дефинитивно една поинаква, побогата и обмислена Zara колекција, за пролетно-летните денови.
Колекцијата како да е спој на неколку различни стилови, во голема мера се потпира на елементите на готската мода, додавајќи ноти на боемски стилови, како и стилови за во домот, со многу пејсли отпечатоци и возбудливи детали.
За пригодната промотивна кампања манекенките носат изгледи кој се врзуваат со конвенционално различни елементи. Фотографот Steven Meisel ги снимил моделите кои носат лесна,елегантна облека, со сложени принтови и комбинирани материјали, на блескаво бела заднина, за да се истакнат, но не и потенцираат композициите. На приближно половина од фотографиите, моделите се сликани со одредено овошје, можеби за да се засилат креативните асоцијации помеѓу храната и искушението.
Цените започнуваат од триесетина евра за накитот и облеката од чипка и се движат до 280 евра за кожени панталони и чевли. /М.М.