Импресивните раменици на Balmain, гламурот од 50-тите години на Pierre Balmain го преобликуваат во современ бунтовнички дух на жените денес. Тие, според модната куќа, се совршено олицетворение на желбата на следбениците на Балмаин да се притисне напред секогаш кога е потребно, за сите заедно да продолжиме да туркаме напред.

Mодната куќа Balmain е приказна за париската висока мода во која е вткаено 75-годишното наследство. Дизајнерска облека за жените е инспирирана од архивите на Pierre Balmain, преработена за модерниот свет од Olivier Rousteing.

Впечатливите детали, прецизно изработените здолништа и фустани, стручно скроените панталони и струкиранитејакни со подигнати раменици се детали што ја носат есенската колекција на Рустинг. Таков е и Balmain блејзерот со своите златни копчиња или енергичната секојдневна облека за лесни викенди.

На сајтот на модната куќа повикуваат жените за есенва да аправат храбра гардероба во препознатлив монохроматски стил – токму за современата жена. Графичките линии ја прикажуваат силуетата, рефлектирајќи го препознатливиот талент по кој Balmain е толку добро познат во светот на модата.

Одлучете се за класично здолниште со златни копчиња и соодветна јакна со извишени раменици или, едноставно, порачуваат од Balmain, создадете ја вашата уникатна гардероба за оваа есен./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.